Печати

Младите од Кочани спортуваа и се забавуваа со родителите во рамките на проектот "Спортот и семејните вредности"

вклучено . Објавено во Соопштенија

,

ams s v k web 2

Спортската сала "Никола Карев" во Кочани денеска беше средиште на многу насмеани детски лица и задоволни родители, кои преку спортот и дружбата имаа можност да ги зајакнат семејните вредности и врски. Токму тоа беше и целта на проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен "Спортот и семејните вредности"кој првпат се реализираше во октомври минатата година во спортскиот центар "Борис Трајковски" во Скопје.

Фудбал, кошарка, ракомет, одбојка беа само дел од спортовите кои се практикуваа од младите и нивните родители, но семејствата имаа можност да ја проверат координацијата, издржливоста и концентрацијата и преку други друштвени игри, како "Здрвен дедо", штафета со топка, балансирање и сл.

Проектот го промовираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески кој потенцираше дека само со вакви проекти може да придонесеме кон зајакнување на семејните врски преку спортот и дружбата и да придонесеме кон создавање на психофизички здрава и силна нација.

"Сите ние во животот добиваме некои улоги. Но, улогата во семејството е една од најважните. Семејството, исто како и спортот не учи на вистинските вредности во животот. Задоволството е уште поголемо кога овие две работи ќе се спојат и ќе придонесат за спортски и општествени радости. Денеска нема да има победници и победени, денеска ќе победи дружбата, а за сите учесници ќе имаа соодветни награди во спортска опрема"- изјави директорот Спасески и го искажа задоволството од големиот интерес кај кочанци за овој настан.

Првиот човек на Кочани,  градоначалникот Димитровски се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што го одбрале токму Кочани како дестинација за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.

Иницијативата на Агенцијата за млади и спорт досега се реализираше во Скопје, Штип, Прилеп, Василево и Кочани, а во следниот период ќе се прошири и во други градови низ Македонија.