Илинденска кајакарска пловидба

По повод големиот македонски празник ИЛИНДЕН" Кајакарската Федерација на Македонија подржана од Агенцијата за Млади и Спорт заедно со ККК.Илинден 90-Скопје и ККК.Гемиџии 903-Велес организираа кајакарска пловидба по течението на река Вардар.Стартот на пловидбата бешена изворот на реката Вардар - Вруток па се до Гевгелија.
Пловидбата со должина од 303 км започна на ден 30.07(сабота) од Вруток до Скопје која е и прва етапа воедно и најдолга на овој настан во должина од 100 км и започна во раните утрински часеви и се пловеше се до 20:00 часот.
Втората етапа започна на 31.07(недела) во 10 часот и продолжи со пловење од Скопје па се до Велес и е со должина од 66 км .
Третата етапа започна на 01.08(понеделник) од Велес околу 10 часот наутро и се пловеше до 21:00 часот,оваа етапа е со должина од 85 км.
Последната етапа беше најкратка но и нај брза,се пловеше 4 часа и 30 минути се до крајната цел Гевгелија и е со должина од 52 км.
Овој настан е организиран за прв пат по повод 2 Август, а заложбите на сите вљубеници во кајакоте истиотдапрерасне во традиција и на трката да учествуваат и гости од други земји бидејќи мислењето на спортските работници од кајакарската федерација и кајак клубовите ширум земјава е дека ваков настан треба да има интернационален карактер од причина што представува еден од многуте спортски симболи на Р.Македонија кои го празнуваат "ИЛИНДЕН".








