Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Јавен повик за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 04.јули 2016 г. од страна на премиерите на  земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО), со седиште во Тирана, Албанија која се очекува да отпочне со работа на 01. јануари 2017 г.Највисокото тело во оваа канцеларија е Управниот одбор составен од 1 владин и  1 невладин претставник од секоја од шесте држави (младински претставник). Изборот на младинскиот претставник ќе биде извршен од Работната група за воспоставување и фунционирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан, формирана од Агенцијата за млади и спорт по доставените пријави  од овој конкурс, со номинација од Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Младинскиот претставник во Управниот Одбор се избира со мандат од три години, без можност за продолжување.

Работата на  Управниот Одбор ќе ги опфаќа следните активности:

 - усвојување на тригодишен финансиски план

 - усвојување на тригодишен стратешки план и годишни оперативни планови

 - усвојување на годишниот извештај на активности на РИКО

- усвојување на годишниот финансиски извештај

 - овозможување политичка поддршка за стратешките, оперативни и финансиски планови во земјите на РИКО

 - давање мандат на Надзорниот одбор во соработка со Генералниот секретар да воспостави работни групи на конкретни теми поврзани со младите, во рамки на мандатот на РИКО

 - избор и разрешување на Генералниот Секретар во Секретаријатот

 - склучување договори со државите за членство во РИКО

 - склучување и прекинување на договори во соработка со државите кои се надвор од РИКО

 - воспоставување на Комитет за селекција за процесот за избор на Секретаријатот и националните канцеларии

Кандидатот за член на Управен одбор треба да :

-          Да е државјанин на Р. Македонија со постојано место на живеење ( копија од лична карта и копија од државјанство)

-          Да е на возраст од 18-30 години

-          Да достави кратка биографија и мотивациско писмо

-          Да достави три писма за препорака со кои ќе го докаже своето искуство

-          Да не е член на Работната група за воспоставување и фунционирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка на западен Балкан, формирана од Агенцијата за млади и спорт

Критериуми кои треба да ги исполни кандидатот за член на Управен Одбор:

-          Да има одлично познавање на англискиот јазик

-          Да поседува одлични комуникациски вештини

-          Да има 3 години работно искуство во имплементација и координација на (регионални, меѓународни, меѓукултурни и меѓуетнички)  младински проекти

-          Искуство во финансиско, стратешко планирање и годишни извештаи

-          Искуство во менаџирање на проектни тимови, работни групи или младински организации/организации за млади

-          Искуство во изработка  на младински политики, стратегии и акциски планови

-          Преговарачки вештини, вештини за застапување и лобирање

Позицијата „младински претставник“ во Управниот Одбор на РИКО е неплатена. Трошоците за сместување и пат за учество на состаноците на Управниот Одбор ќе бидат покриени од вкупниот буџет на РИКО.

Кандидатот за член на Управен одбор потребно е со пропратно писмо  да ги достави следните документи:

-          Пополнета и своерачно потпишана апликациска форма

-          мотивациско писмо на англиски јазик,

-          кратка биографија,

-          3 писма за препорака

и други дополнителни документи кои смета дека би биле корисни при неговиот избор. 

Потребно е документите да бидат доставени во затворено писмо, со назнака  „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“ најдоцна до 31.08.2016 г. на следната адреса:

Агенција за млади и спорт

ул. Македонија, бр. 38

(палата Панко Брашнаров)

1000 Скопје

Пријавите кои ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

За сите прашања во однос на конкурсот, можете да нè контактирате  на е-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и тел: 075/254 -734. 

Пријава за младински претставник за УО

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија