Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Јавен повик за избор на обучувачи за обуки за меки вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт објавува јавен повик за избор на 2 обучувачи за испорачување  на обуки за меки вештини.  Целта на обуката е јакнење на капацитетите на локалните младински совети, преку развој  на меките вештини на членовите на овие совети.

Обуките ќе ги покриваат следните теми:

  1. Комуникациски вештини
  2. Тимска работа и водење тим
  3. Поврзување и воспоставување соработка со засегнати страни
  4. Ефективни пристапи при решавање проблеми
  5. Справување со конфликти

Ангажманот на обучувачите се однесува на :

-          подготвување и спроведување на  2дводневни обуки (по 70 учесници)

-          подготвување извештај од обуките

Заинтересираните  кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

-          познавање на младинскиот сектор во нашата држава и функционирањето на локалните младински совети

-          познавање на темите кои ќе бидат покриени на обуката

-          искуство во водење на обуки со млади луѓе

-          презентациски вештини

Документи кои треба да се достават:

-          Кратка биографија

-          Писмо за препорака за минимум 2 спроведени обуки

-          Предлог за одржување на обуките и финансиска понуда

Бараните документи потребно е да се достават  на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.или до архивата на Агенцијата за млади и спорт (ул. Македонија, бр.38, 1000 Скопје – Палата „Панко Брашнаров) со назнака пријава за обучувач за обуки за меки вештини, најдоцна до 15. септември  2016.

Дополнителни информации можат да се добијат на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.и тел: 075/254 - 734

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија