Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Посета на Агенцијата за млади и спорт од страна на младински работници од Европа

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

 

Во периодот 18 до 27 септември, во рамките на програмата Млади во Акција, Здружението на граѓани за младински активизам КВАНТУМ од Скопје организира студиска посета на тема "Unemployed vs. employed tour". Посетата опфаќа 24 младински работници од 12 земји во Европа и тоа Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Италија, Чешка, Романија, Словенија и Холандија.

Поконкретно целта е учесниците да се запознаат со дел од македонските организации како и институции; се информираат за мерките кои ги превземаат македонските институции во поглед на младинската невработеност; да пренесат искуства од нивната работа во своите земји и на крајот да дојдат до заеднички практични насоки за подобрување на ситуацијата со младинската невработеност. 

Студиската посета се состои од посета на организации и институции во неколку градови во Македонија, вклучувајќи го и градот Скопје. Во денешната посета,младите се запознаа со работата на Агенцијата за млади и спорт. Презентер на активностите на Агенцијата за млади и спорт беше Зорица Стаменковска  на учесниците им ги  презентираше активностите што ги превзема институцијата во доменот на младинската политика . 

Младите беа задоволни од посетата и поставија прашања поврзаните со тематика за вклучување на младите во општествените процеси на Република Македонија и правата на младите во делот на вработувањето.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија