Печати

Раскинување на договорот за соинвеститорство со Општина Карпош

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт во врска со изградените “Две двојни тениски игралишта на кејот на реката Вардар” и “Карпа за спортско планинарење на кејот на реката Вардар” во Општина Карпош, Ве информира дека договорите за соинвеститорство за горенаведените спортските објекти потпишани со Општина Карпош се раскинуваат поради неисполнување на обврските од договорот од страна на Општина Карпош.

Причината поради која Агенцијата за млади и спорт пристапи кон раскинување на договорите за соинвеститорство со Општина Карпош претставува непревземањето во владение на спортските објекти од страна на општината. Воедно, Градоначалникот Стевчо Јакимовски и администрацијата на Општина Карпош, се однесуваат како да нема изградено и како да не постојат спортски објекти на територијата на Општина Карпош изградени од Агенцијата за млади и спорт.

Агенцијата за млади и спорт, со цел надминување на последиците од изгубеното време и оштетувањето на спортските објекти,  презема активности со цел истите да се дадат на користење на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ СКОПЈЕ.