Печати

Соработка меѓу АМС и младинските организации – приоритет се младинските политики

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba ms 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска се сретна со Националниот младински совет на Македонија, со дел од младинските организации членки на НМСМ.

На средбата се разговараше за Регионалната младинска канцеларија за соработка (RYCO), која има за цел да овозможи мобилност, размена и помирување меѓу младите од Западен Балкан.

Каевски ја акцентираше потребата за зголемена транспарентност и отвореност на Агенцијата за млади и спорт.

Договорена е редовна соработка со младинските организации, заедно ќе ги

креираме политиките за млади и значаен акцент се става на намалување

на младинската невработеност и иселувањето на млади.

Трајниот механизам за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и НМСМ е дел и од препораките на Европскиот Парламент.

Претставниците на младинските организации ги образложија барањата на НМСМ до Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт како и приоритетните прашања кои ќе се разгледуваат во претстојниот период.