Печати

Каевски на Илинденскиот пливачки маратон 2017

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams Plivacki maraton 2

Во Охрид се одржа  традиционалниот "Илинденски пливачки маратон 2017".

Маратонот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој ги поздрави присутните, упати честитки до пливачите за покажаниот спортски дух и нивната храброст.

Пливачите се поделени во две категории (од 10 до 15 години и од 16 години и постари).

Каевски потенцираше дека пливањето заслужува повторно да се врати на старите патеки. Агенцијата за млади и спорт е подготвена да го поддржи овој спорт во кои имаме бележено значителни резултати.

Овој маратон е најава за првото издание на Олимпискиот пливачки маратон на 10 км (закажан за 12-ти август), во организација на нашиот успешен и заслужен спортист, пливачот Александар Маленко.

ams Pl maraton web 3