Средба АМС – ОБСЕ: Зајакнување на улогата на локалните младински совети

Подобрување на функционирањето на локалните младински совети како претставнички тела на младите е еден од приоритетите, се истакна на средбата меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Националниот програмски офицер на ОБСЕ Мисијата во Скопје, Јасмина Тодоровска – Митева.
Посочено е задоволството од фактот што Агенцијата за млади и спорт повторно става главен акцент на младите луѓе и решавањето на младинските проблеми.
Во процес на подготовка е прирачник за функционирањето на локалните младински совети. Целта е да се подобри работата на овие претставнички тела, полесно да се детектираат младинските проблеми на локално ниво и да се изнајдат решенија.
Каевски ја потенцираше важноста од вклучување на сите страни во креирањето на младинските политики, бидејќи само така имаме вистински решенија за сите.
На средбата се разговараше и за идната соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и ОБСЕ.
Националниот програмски офицерна ОБСЕ Мисијата во Скопје, Јасмина Тодоровска – Митева истакна дека во АМС гледаат стратешки партнер, како институција која треба да работи со младите.
