Печати

План за спроведување на Младинската Гаранција

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem mlad garancija

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните институции, приватниот сектор и образовните установи се разговараше на денешната средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставниците од Швајцарската фондација за техничка соработка, Емилија Јованова Стоилкова и Дејан Стојанов.

Со цел подобра подготовка на надлежните институции – носители на Младинската Гаранција, ќе се одржат работилници и обуки со консултанти од Словенија и Хрватска, земји во кои се спроведува оваа мерка.

Ќе се изготви имплементационен план со цел институциите и засегнатите страни да бидат информирани за своите обврски. Во овој план ќе бидат опфатени и условите под кои ќе се спроведува Младинската Гаранција, категориите на млади лица и нивната возраст.

Каевски нагласи дека Младинската Гаранција треба да биде прилагодена на условите и фактичките состојби во Република Македонија. Целта е намалување на младинската невработеност, можност за пракса, тренинг и дообразување на младите со цел полесен излез на пазарот на трудот и зголемување на нивната конкурентност.