Печати

Одржан состанок на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

На денешната седница на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, покрај останатите точки кои ги третираат тековните активности на Советот поврзани со работата на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени, Комисијата за борба против допингот во спортот и активностите кои произлегуваат од Законот за спортот, а се однесуваат на регистрацијата на спортските клубови кои се натпреваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во кој се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во фудбал, кошарка и ракомет, се разгледуваа и пристигнатите апликации на националните спортски федерации за категоријата спортист – Спортска надеж. Со тоа, Агенцијата за млади и спорт со задоволство објавува дека дека со ова се апсолвира прашањето за добивање на оваа категорија (500 стипендии) на младите талентирани спортисти од нашата земја за 2012-та година. Листата на категоризираните спортисти ќе биде објавена во еден од наредните броеви на Службен весник на Република Македонија.