Печати

Стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ за 500 млади талентирани спортисти

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Во насока на подобрување на можностите за развој на младите спортисти како темел за иден развој на македонскиот спорт, Агенцијата за млади и спорт, започнувајќи од 2008 година, доделува стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ.

Стипендијата Спортска надеж претставува паричен надоместок која талентираните спортисти ја добиваат во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година (4200 денари месечно).

Агенцијата за млади и спорт со задоволство објавува дека се избрани новите 500 стипендисти кои се стекнуваат со стипендијата Спортска надеж. Листата на категоризираните спортисти ќе биде објавена во еден од следните броеви на Службен весник на Република Македонија.

Стимулот на младите од овој тип, значи многу за талентираните спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и создавање идни репрезентативци кои ќе ги бранат боите на државата.

Се надеваме дека сите овие активности, сериозно ќе придонесат за уште поголем интерес на младите кон спортот. Свечената манифестација за доделување на стипендијата Спортска Надеж, ќе се одржи традиционално во месец декември оваа година.