Сојузот на Спортови на Скопје ги додели 13-ноемвриските награди за најуспешни спортисти во 2017.

Управниот одбор на СОФКА денеска ги откри добитниците на наградите 13-ноември. За најдобар спортист е прогласен капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, Раул Гонзалез е прогласен за најдобар тренер, додека РК Вардар е број еден екипа за оваа година.
Јованче Бизимовски доби награда за развој и унапредување на училишниот спорт, а Џелал Красниќ за развој и унапредување на кошаркарскиот спорт.
Д-р Боро Илиев доби награда за најдобар спортски лекар, а за најдобри спортски работници беа прогласени Крсте Војнески (атлетика) и Назим Куртовиќ (карате).
Наградите за животно дело им припаднаа на Проф.Др.Насе Кондовски (спортски работник) и Проф.Др. Јаван Јовановски, (спорстки и научен работник), Професор на ФФКСЗ, како и Александар Анастасов (мечување) и Златко Калински(спортски новинар и коментатор во МРТВ).









