Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Учество на Македонија во Формирање на европски младински политики

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ad web 2

Првиот  семинар од третото издание на Работилницата под наслов "Формирање европски младински политики во теоријата и практиката" се одржа во Загреб, изминатава недела.

45 учесници од 13 национални делегации разговараа за принципите, реалноста, предизвиците и иднината на младинската политика во нивните земји.

Македонија учествуваше со свој претставник, М-р Александра Дичевска, Советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт.

Настанот беше насочен кон пристапност на младинските политики преку ”Масовен отворен он лајн курс за основите на младинската политика”.

Загреб се покажа како одличен домаќин на Хрватската национална агенција за Еразмус плус во соработка со Националната агенција на Франција.

Вториот семинар ќе се одржи во Стразбур во март 2018 година, а меѓусебната фаза ќе се состои од развивање на младинска политика во пракса во сите земји учеснички.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија