Печати

Стоп за родовото насилство во спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams takt ad web 2

Граѓанското здружение ТАКТ во соработка со Националната мрежа против насилство врз жените, Амбасадата на САД и Агенцијата за млади и спорт организираа конференција за родовото насилство во спортот.

На конференцијата покрај претседателот на граѓанското здружение ТАКТ Силвија Митевска, учествуваа и Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт, Горан Никовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и Милева Велкова, професор на Спортската ракометна академија и Ирена Андреевска, спортски новинар во МРТВ.

На конференцијата се презентираа ставовите на институциите кои говорниците ги претставуваа, но и личните ставови, кои за многубројните присутни беа и повеќе од интересни. Свое излагање имаше и атлетичарката Дрита Ислами, која од свој аспект зборуваше за состојбите во кои секоја спортистка може да се најде, и како од истите да се извлече поука.

Најинтересна беше дебатата која се отвори со присутните, меѓу кои имаше педагози, социјални работници, претставници од граѓански здруженија, но и спортисти, спортски работници, новинари.

Заеднички заклучок на сите присутни беше потребата од укажување на родовата еднаквост уште од најмала возраст, во училиштата, во семејството и секој спортски клуб и национална спортска федерација, но и потребата за присуство на спортски педагози и психолози во спортските клубови.

Генерално се донесе заклучок, дека по примерот на современите држави е потребно донесување стратегија за родова еднаквост и сексуално злоставување на жените во спортот, но и вклучување на повеќе институции во откривање на ваков вид на злоставување преку назначување на лица за контакт, специјализирани за ваков тип на насилство, а акцијата за покренување останува на Агенцијата за млади и спорт, како темел на спортски иницијативи.