Честитка од Агенцијата за млади и спорт за формирањето Сојуз на училишен спорт во општина Илинден
Повеќе од 500 ученици од трите основни училишта на територијата на општина Илинден се вклучија во новоформираниот Сојуз на училишен спорт. Целта на Сојузот е да се обединат спортските друштва, да се развие и унапреди училишниот спорт.
Во програмата ќе бидат опфатени неколку спортски дисциплини: атлетика, кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, голем фудбал, тенис, спортска гимнастика, есенски и пролетен крос.

Сојузот на училишен спорт ќе се залага да го истакне организирањето на спортски активности како во училиштата, така и на спортските терени на територијата на општина. Учениците ќе можат да учествуваат во општински натпервари што ќе бидат во организација на Сојузот, а ќе се одвиваат според календарот на спортските настани.
Во октомври ќе се одржат натпревари по атлетика, мал фудбал и голем фудбал, додека во ноември се предвидени натпревари во ракомет.
Во спортските активности може да учествуваат момчиња и девојчиња ученици од одделенска настава, предучилишна возраст, како и учениците со посебни потреби.
По повод формирањето на Сојузот на училишен спорт во општина Илинден, на терените на спортскиот комплекс во населеното место Марино се одржаа натпревари во повеќе спортови. Агенцијата за млади и спорт им го честита формирањето Сојуз на училишен спорт на општина Илинден и воедно ги охрабрува и другите општини кои немаат формирано сојузи за учишен спорт да пристапат кон формирање.