Одржано Државно првенство во шах

Федерацијата за училишен спорт во соработка со Шаховската федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Скопје и Приватната Гимназија “Алгоритам” го организира Државното првенство во шах за основни и средни училишта.
На првенството учествуваа 112 учесници и тоа 91 машки и 21 женски.
Сите натпревари се играа со временска контрола по играч од 10 минути, со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, Швајцарски систем од шест кола.
На првенството беа постигнати следниве резултати:
Основни училишта-машки
- Емил Ристески – Скопје, ОУ„Јахја Кемал Јуниор“
- Андреј Велјаноски - Скопје, ОУ„Стив Наумов“
- Матео Ефтовски - Скопје, ОУ„Владо Тасевски“
- женски
- Јана Анѓелкоска – Охрид, ОУ„Григор Прличев“
- Михаела Зрмановска - Скопје, ОУ„Јахја Кемал Јуниор“
- Леа Ефтовска - Скопје, ОУ„Владо Тасевски“
Средни училишта -машки
- Ристе Јовчев – Скопје,СУГС„Јосип Броз Тито“
- Давид Манески –Прилеп ,СОУ„Мирче Ацев“
- Андреј Крстевски –Куманово ,СОУ„Гоце Делчев“
- женски
- Манова Ивана – Скопје, СУГС „Орце Николов“
- Димовска Александра –Битола , СОЕУ „Јане Сандански“
- Митревска Сара –Битола , СОЕУ „Јане Сандански“
Учениците кои освоија прво место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.








