Печати

Тенисот во Македонија добива нова димензија со Спортската Академија

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Со проектот на Владата на Република Македонија изградба на 100 тениски игралиша и со формирањето на Спортската академија, во која покрај фудбалот, кошарката и ракометот, партиципира и тенисот, за неколку години нашата држава треба да добие големо тениско име.Вака барем се надеваат сите оние кои се дел од академијата за тенис, пред се директорот на Агенцијата за млади и спорт, потоа тренерите, а се разбира првата генерација на деца кои се дел од оваа академија.

Со проектот на Владата на Република Македонија изградба на 100 тениски игралиша и со формирањето на Спортската академија, во која покрај фудбалот, кошарката и ракометот, партиципира и тенисот, за неколку години нашата држава треба да добие големо тениско име.Вака барем се надеваат сите оние кои се дел од академијата за тенис, пред се директорот на Агенцијата за млади и спорт, потоа тренерите, а се разбира првата генерација на деца кои се дел од оваа академија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски вели дека тенисот не е многу популарен и масовен спорт во Македонија, но овие нешта за неколку години ќе се сменат. Токму затоа дел од Спортската академија е и овој спорт, а идејата е иста, Македонија да добие врвно тениско име.

-Владата системски работи на развојот на тенисот пред се со структурни вложувања. Досега се изградени 31 тениско игралиште, 37 моментално се во изградба, а очекуваме до март месец следната година и тие да бидат завршени. Знаеме дека тенисот беше спорт од затворен тип бидејќи немаше многу тениски терени, сега не е така, низ цела Македонија има тениски игралишта. Следната задача е тие терени да се стават во употреба, еден дел за граѓаните за нивна рекреација, а вториот дел за спортистите. Академијата е вториот чекор во однос на искористувањето на спортските објекти, во конкретниот случај тениските терени од аспект на омасовување на овој спорт, но и создавање на услови за постигнување на врвни резултати, вели директорот на АМС, Лазар Поповски.Поповски потенцираше дека следниот чекор ќе биде формирање на стручен кадар, од проста причина што во моментов Македонија барем кога станува збор за тенисот нема доволен број на стручен кадар и поради тоа треба да се посвети внимание на обуката на тренерите.Инаку засега академијата за тенис брои осум членови кои високо котираат на тениската листа во Македонија во нивна категорија. Селекцијата како и во останатите спортови започна во месец март и имаше турнир во кој учествуваа македонските тенисери. Бројката од осум члена е мала, но секако во иднина се планира зголемување.

-Базата е многу мала за овој спорт во Македонија, посебно во соодветна возраст односно категорија. Ако ја земете ранг листата на Тениската федерација на Македонија ќе видите дека во оваа возрасна категорија нема повеќе од триесетина деца. Тоа за една држава е навистина мала бројка. Сепак тоа за нас е и предизвик, преку академијата да дојдеме до популаризирање на тенискиот спорт во Македонија, вели Поповски.Оваа Спортска академија требало да се организира многу поодамна, како што тоа се прави во сите поголеми земји. Сепак, подобро некогаш отколку никогаш вели Горан Шевченко, кој заедно со неговиот стручен тим ќе биде задолжен за водењето на тренинзите и развојот на тенисот во рамките на оваа академија.


-Сметам дека ова е нешто кое требаше да се случи многу порано, но како што велиме никогаш не е доцна. Добро е што се случува во овој период во кој имаме деца кои постигнуваат добри резултати на национално и интернационално ниво. Како идеја сметам дека децата кои немале можност да работат на начин на кој ние го предвидуваме, сега имаат можност да го обавуваат својот тренажен процес кој е доста обемен и професионален, изјави Шевченко.
Шевченко потенцираше дека ништо нема да се работи импровизорно, напротив се ќе тече според планот за да овие деца еден ден прераснат во врвни спортисти. Планирани се домашни и интернационални турнири кои ќе помогнат нашите таленти да го стекнат потребното искуство и натпреварувачки карактер.

-Ние имаме програма според која секое дете треба да има на располагање барем еден терен за професионални тренинзи. За секое дете ќе изработуваме видео профил според кој понатаму го подготвуваме тренажниот процес. Во нашиот календар имаме предвидено да одиграат четири меѓународни турнири, од кои првиот во декември, а тие ќе бидат од пријателски карактер. Токму на тие турнири ќе можеме да видиме што досега имаме постигнато, а што е потребно да се направи во следните 12 месеци, вели Горан Шевченко.
Децата кои се дел од академијата се задоволни. Потенцираат дека оваа академија има усогласени термини со нивните училишни обврски. Засега добро напредуваат, но се надеваат дека еден ден ќе бидат дел од големите меѓународни турнири.-Тренирам тенис веќе пет и пол години. Малку е тешко и напорно да се постигнат обврските во училиште и на тренинзите, но сепак успевам во тоа. Поради тоа ја одбравме оваа академија бидејќи имаме доволен фонд на часови кои се усогласени со обврските на училиште, вели Вероника Џуклевска.

-Имам 14 години, а тенис тренирам од 6 години. Во Македонија во моментов сум трет на ранг листата, а на европската бев стоти. Тренинзите се напорни, како и секој спорт така и тенисот бара напорни тренинзи и работа, вели Ѓорѓи Поповски.

Нивните идоли разбирливо се најголемите тениски имиња на денешницата Рафел Надал, Рожер Федерер и Марија Шарапова. Да се надеваме дека за неколку години токму Вероника и Ѓорѓи ќе бидат нечии идоли и дека токму тие ќе бидат македонските тениски ѕвезди.