Печати

Свечено пуштање на тениското игралиште во Општина Зелениково од Проектот "Изградба на 100 тениски игралишта низ целата држава"

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Претседaтелот на Владата Никола Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски и градоначалникот на Општина Зелениково Веле Груевски денеска пуштија во употреба тениско игралиште во село Орешани, Општина Зелениково.

Претседaтелот на Владата Никола Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски и градоначалникот на Општина Зелениково Веле Груевски денеска пуштија во употреба тениско игралиште во село Орешани, Општина Зелениково.

Градоначалникот на општина Зелениково, Веле Груевски рече дека изградбата на новото тениско игралиште како дел од владиниот проект за изградба на нови 100 тениски играчишта е доказ за нивната посветеност за развојот на спортот, притоа, како што рече, давајќи им предност на младите кои што сега можат да спортуваат и да го развиваат својот талент токму на територијата на општината.

-Желбата и талентот не се доволни, рече тој, доколку не се овозможат вакви соодветни услови.

На свеченото отварање на игралиштето свое обраќање имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

-Вложувањата во спортот како предуслов за изградба на здрави индивидуи е само еден од начините на кои Владата на Република Македонија работи за обезбедување на подобра сегашност и попросперитетна иднина за граѓаните на Македонија, рече тој.

Според него денешниот настан со кој се промовира пуштање во употреба на тениско игралиште оди токму во таа насока, овозможувајќи можности за спорт и рекреација на жителите  на општина Зелениково.

-Тениското игралиште кое започнавме да го градиме во 2010 тата година конечно е готово и подготвено за свечено отварање. Драго ми е што се надминаа проблемите кои го забавија овој проект, но она што е денес најважно е дека игралиштето е изградено и подготвено е да ги прими сите љубителите на тенисот од општина Зелениково, нагласи Премиерот.

Игралиштето е изградено по најсовремени стандарди за вакви тениски игралишта. Располага со осветлување, со пристапни патеки со целосна инфраструктурна приклученост и со најсовремена подлога по сите стандарди на светската тениска асоцијација и истото ќе биде ставено на располагање на учениците од ОУ „Марко Цепенков“ како и на сите граѓани од општината.

-Ова ќе биде место за собирање и дружење на младите генерации и основа за создавање на здрава младина, рече Премиерот.

Досега од тениските игралишта во употреба се пуштени 31 тениско игралиште, а во изградба се 37 други игралишта за кои се очекува да бидат готови до првиот квартал од следната година, со што ќе се стигне до бројката од 68.

Следното лето ќе бидат изградени уште 32 игралишта со што конечно ќе се реализира проектот на Владата за изградба на 100 тениски игралишта.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Поповски истакна дека со овој инфраструктурен проект, како и со формирањето на Спортската академија во која е застапена и една паралелка во тенис, овој спорт повеќе не е спорт на одбраните туку станува достапен до сите граѓани на Република Македонија.