Печати

Каевски: Со одржувањето на Мавровскиот меморијал ја продолжуваме традицијата на големи светски настани во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија


Darko Pres Mavrovski

Во Маврово од 6 до 8 март ќе се одржи традиционалниот 55-ти Мавровски меморијал, спортска манифестација која го промовира Маврово и Република Македонија. И оваа година натпреварувањето ќе биде поддржано од Агенцијата за млади и спорт.

- Традицијата продолжува, но и остварувањето на нашата визија да се најдеме во европската и светската елита во нордиското скијање. Јас верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар, истакна Дарко Каевски директор на АМС.
Тој упати апел до љубители на спортот и сите вљубеници во скијањето, да дојдат во Маврово и да ги поддржат македонските скијачи, но и да уживаат во се она што ќе го понудат натпреварувачите.
Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.
- На најсилното нордиско натпреварување на Балканот до сега учество пријавија околу 70 натпреварувачи од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Србија, Романија, Луксембург, а се очекува потврда од Хрватска, информира македонскиот тренер Ѓоко Динески. 
На патеката „Мирна Долина“ ќе се одржат трки на пет километри за жени и 10 километри за мажи, како и детски трки на 2,5 километри.