Печати

Избран новиот младински претставник во Управниот Одбор во РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес (05.03.2018), во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа гласање за избор на младински претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) за Западен Балкан, од страна на работна група која беше формирана за избор на младинскиот претставник во највисокото тело на оваа канцеларија.

На денешното гласање беа присутни на 15 од 22 членови , со што се овозможи мнозинство за полноправно одлучување и гласање на членови на работната група.

Пристигнатите апликации се отвараа на лице место и работната група утврди двајца кандидати, Димитар Димитровски и Владимир Ѓорѓевски.

Кандидатите имаа 5 минутно излагање и презентирање за нивните познавања за РИКО, работните обврски, нивните планови и нивните гледишта за иднина. По презентацијата на кандидатите, се пристапи кон гласање.

Пред гласањето Верификационата комисија констатираше дека од 22 организации, 15 се присутни, со што со ИЗБОРОТ, Македонија може да го добие идниот младински преставник во РИКО.

Со 15 гласови Владимир Ѓорѓевски беше избран за нов младински преставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).