Печати

Инвестиција во Карпош: Нова фитнес зона за младите.

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams karpos

Денес во Карпош 4, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев го означија почетокот за изградба на првата современа фитнес зона во Општината.

Каевски, посочи дека Агенцијата работи на приближување на спортот и спортските активности до сите граѓани, и дека овој проект ќе продолжи и во претстојниот период.

- Денес имав чест и задоволство заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев да го означиме почетокот на градба на фитнес зоната во Карпош 4. Упатуваме заедничка порака за правилна и максимална искористеност на фитнес зоната од страна на граѓаните, а особено од страна на младите каде очекувам ова место да биде нивно главно собиралиште. Воедно сакам да нагласама дека обезбедувањето соодветен простор за спорт и рекреација за сите граѓани е една од стратегиските цели во областа на развојот на масовниот спорт и неговaта достапност за сите граѓани, изјави Каевски и дополни дека во наредниот период, Агенцијата за млади и спорт планира да изгради и еден реонски базен во оваа општина.

За фтинес зоната АМС ќе одвои околу 2 милиони денари со вклучен ддв, а рокот за изведба е три месеци. Изведувач е “Урбано Е..Л.” ДООЕЛ Скопје, проектант е “Интеградба – Таневски” ДООЕЛ Скопје, а надзорен орган е “Евроконсалтинг”.