Печати

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams amb w 2

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари средба со Францускиот Амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние и претставник од Германската амбасада во Република Македонија. На средбата се разговараше за спроведување на процесот и активностите на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO).

Каевски ги информираше официјалните лица дека процесот се одвива во одличен правец и најави дека до крајот на месец април и официјално Агенцијата за млади и спорт ќе ја отвори локалната канцеларија на RYCO за Македонија. Исто така, Каевски дополни дека во претходниот период се пристапи кон изборот за младински претставник, кој ќе ја претставува државата во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO) и за првата меѓународна конференција за RYCO која ќе се одржи во Македонија. - Во периодот од 20 до 22 март оваа година Репулика Македонија ќе биде домаќин на Првата стратешка меѓународна конференција за РИКО, на која учество ке земаат над 100 претставници на невладиниот сектор и државните институции од земјите потписнички на Меѓународната спогодба. На оваа конференција ќе се дефинира тригодишниот акциски план и идните насоки на Канцеларијата на RYCO, - заврши Каевски.