Печати

Отворено државното првенство во кошарка за основки

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk kos

Денес во просториите на спортската сала ,,Методија Андонов Ченто” директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски заедно со градоначалникот на општина Гази Баба Борче Ѓеорѓиевски и претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Александар Туфекчиевски го отворија државното училишно првенство во кошарка за девојчиња.

Каевски истакна дека му претставува чест и задоволство што се наоѓа меѓу македонските кошаркарски таленти, кои во иднина ќе го облечат националниот жолто-црвен дрес и ќе ги преставуваа боите на Македонија.

- Да се биде меѓу вас, меѓу македонските кошаркарски таленти, од кои очекувам во иднина да го облечат националниот жолто-црвен дрес и да ги преставуваат боите на Македонија, е огромна чест и задоволство. Се надевам дека од овие натпревари ќе излезат идните Моника Гавриловска, Јелена Антиќ и Анжелика Митрашиновиќ и ќе претставуваат гордост за Македонија.Официјално ги прогласувам за отворени кошаркарските игри за основни училишта, - изјави Каевски.

Од основните училишта кои се пласираа на финалните игри на државното училишно кошаркарско првенство се тимовите на:

ОУ„ДАНЕ КРАПЧЕВ“ – СКОПЈЕ

ОУ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ – СКОПЈЕ

ОУ „ВАНЧО ПРКЕ“ – ДЕЛЧЕВО

ОУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ – СТРУГА