Печати

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk vo sobranie

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера во Собранието на Република Македонија се одржа јавен настан на кој се дискутираше начинот на креирање на Законот, како и потребите, правата и обврските на младите кои треба да се уредени со овој закон.

Модератор на овој настан беше пратеничката Ивана Туфекџиќ а на настанот говореа: потпретседателката на Собрание на Република Македонија Фросина Ташевска Ременски, директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, пратеничката Невенка Стаменковска, претседателот на Националниот младински совет на Македонија Блажен Малески, пратеникот Костадин Костадинов, извршниот директор на Коалиција СЕГА Зоран Илиески, пратеникот Агим Шаќири и пратеничката Теута Биљаљи.

Процесот за креирање на Законот за млади започнува на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики при Собрание на Република Македонија. Креирани се три работни групи од кои едната е составена од пратеници – членови на Клубот за младински прашања и политики, втората предводена од Агенцијата за млади и спорт а составена од претставници на институциите на Владата на Република Македонија и третата која е составена од претставници на граѓански организации членови на најголемите младински чадор организации во државата.

По серија на средби, трите групи креираа предлог процес за креирање на Закон за млади кој обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап. На креирањето на овој закон ќе му претстојат широки консултации на локално и национално ниво, јавни трибини и дискусии со академска и експертска фела,како и серија на јавни расправи. Ова е прв случај на отпочнување на легислативен процес со вклученост на сите засегнати страни.