Печати

Средба Каевски-Новак

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i fiba dir

Директорот на Агенцијата за млади и спорт организираше средба со претставник од највисокото раководство на ФИБА - Извршниот Директор Камил Новак, во придружба на претставниците од Македонската Кошаркарска Федерација Генералниот секретар Моника Гаврилоска и Директорот на федерација Владимир Темелковски.

На средбата беше дискутирана соработката помеѓу МКФ и ФИБА како и помошта што АМС ја дава во последните години за развој на младински категории и подобрување на условите за припрема на репрезентативците.

Новак искажа позитивни коментари за организацијата на Европското првенство У18-Б дивизија и изрази голема благодарност за домаќините.

Покрај тоа, се зборуваше и за квалификацијата на Македонија за организација на Европското сениорско првенство во 2021 година во коорганизација со Грција а помогнато од АМС и Град Скопје.