Печати

Ристеми во посета на Општините Гостивар и Дебар: Фитнес зоните и тениските игралишта збирно место за најмладите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Gazmend Gostivar 4

Заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми имаше работна посета во општините Гостивар и Дебар. Ристеми придружуван од вработените на Агенција за млади и спорт, направија увид на спортските терени во овие општини, со цел пуштање во употреба за граѓаните и најмладите во овие населени места.  

Најпрвин, Ристеми оствари средба со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари со кого двајцата потврдија дека изградената фитнес зона е одлична можност за најмладите да се оттргнат од пороците, додека за граѓаните, катче каде ќе можат своето време да го поминуваат корисно.

Исто така, Ристеми се сретна и со градоначаникот на Општина Дебар, Ружди Љата, со кого заедно го посетија штотуку изградениот двоен тениски терен, каде учениците и граѓаните ќе можат да се рекреираат и да спортуваат преку целиот ден.

Debar Tenisko 1

Debar Tenisko 3