Печати

Мото Рели „Македонија независност 2018”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams moto dk w2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, денеска свечено го означи стартот на 27. традиционално меѓународно рели „Македонија независност 2018”. Каевски им посака успешно мото рели и дружење на моторџиите во духот на ,,Денот на независноста на Република Македонија”.

- Ми претставува чест што денес ве гледам во толку голем број и драго ми е што традицијата продолжува. Агенцијата за млади и спорт заедно со Мотоциклистичката федерација на Македонија секоја година го организираат овој голем настан со кој го одбележуваме државниот празник „8-ми Септември”. 

Традиционалното рели како една од најстарите спортски манифестации, која својата старт го имаше 1991 година, е доказ за љубовта кон татковината од страна на моторџиите. Тие секоја година ги посетуваат градовите на овој ден за да испратат порака по повод Независноста на Републиката, - изјави Каевски.

27.Меѓународно мото рели - "Mакедонија - Независнот", започнува денес, а ќе се одржи на целата територија на државата. Вкупно за три дена учесниците ќе имаат можност да ја заобиколат целата Република Македонија, а манифестацијата ќе заврши на 9.септември.

Ова е рутата по која ќе се движат моторџиите на 27. Меѓународно мото рели - "Mакедонија - Независнот":
Ден 1 - Пробиштип доручек, Виница ланч пакет, Струмица ланч пакет, Дојран вечера.
Ден 2 - Гевгелија ланч пакет, Кавадарци ланч пакет, Крушево освежување, Охрид вечера и забава Ресторант Бонанца
Ден3 - Кичево ланч пакет, Скопје Дискотека Кабрио Градски Парк финиш и забава за сите учесници.