Печати

Европската комисија со пофални зборови за АМС за реализацијата на проектот „Европска недела на спортот“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Be Active

Агенцијата за млади и спорт беше носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која во период од 23 до 30 септември се одржа на територијата на цела Европа, како и кај нас.

Европската недела на спортот насловена како #BeActive придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво овозможи квалитетни активности кои создадоа вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

По одржувањето на состанокот на Европската Комисија во врска со овој настан, во извештајот беа презентирани пофални зборови за Агенцијата за млади и спорт и националниот координатор Александра Дичевска, како едни од најдорите организатори на  „Европска недела на спортот“.

Со тоа, се отвора поголем простор за Македонија и Агенцијата за млади и спорт за наредната година за организација на „Европска недела на спортот“.