Печати

Доделени сертификатите на првата група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

45767225 322126271717895 1555527113254109184 n
 Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе,започна со реализацијата на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини. Токму и во таа насока, денес беа доделени сертификатите на првата група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини. Младите кои ја посетуваа обуката имаа шанса да ги изучат основите на претприемништвото, за деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис, за претприемачкиот процес, како и за претприемачот како индивидуа.