Печати

Доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk mladi

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе,започна со реализацијата на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини. Токму и во таа насока, денес беа доделени сертификатите на втората група која ја заврши обуката за претприемништво и деловни вештини.Младите кои ја посетуваа обуката имаа шанса да ги изучат основите на претприемништвото, за деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис, за претприемачкиот процес, како и за претприемачот како индивидуа.

Директорот Каевски им честиташе на сите млади, кои ја завршија обуката и истовремено им потенцираше за можноста за апликација на јавниот повик на Агенцијата за млади и спорт за поддршка на најдобрата бизнис идеја со 440 000 денари.