Печати

Средба Каевски-Капричевски

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba dk fond web 2

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари средба со Наум Капричевскиорганизатор на 11-от ултра-маратон во чест на Тоше, кој се одржа од 12 до 16 октомври, а се трчаше од Нова Градишка, Република Хрватска до Крушево, поточно 420 километри.

Капричевски во името на маратонците и фановите на Тоше Проески се заблагодари за поддршката која ја даваАгенцијата за млади и спорт за ултра маратонот.

Директорот Каевски се заблагодарии истакна дека Агенцијата за млади и спорт нема никогаш да го заборави ликот и делото на Тоше Проески..

Воедно, овој меѓународен ултра маратон од Нова Градишка до Крушево од година во година е се помасовен зближувајќи го целиот регион во името на Тоше Проески.