Печати

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams daun dk

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран прием за добитниците на прво место на меѓународниот натпревар – Светски Куп во пара хип-хоп групи во Киелце, Полска.

На приемот во АМС, кај Директорот Дарко Каевски беа младите танчари од танцовиот клуб ,,Данцерс Унитед MK” (Dancers United): Оливер Блажевски, Ена Митревска, Моника Бисовска, Александар Матовски, Дарко Ефтимовски, Христијан Стојанов, Ана Беќарска.

Каевски им се заблагодари за големиот успех кој го направија за Македонија и потврди дека и во иднина АМС ќе се грижи, ќе ги помага и ќе ги поддржува нивните настапи.

ams medal daun