Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Гази Баба доби фитнес зона

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams gb

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалниокот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ја посетија новата фитнес зона во парк шумата Гази Баба која од денеска е достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата. На површина од 200 метри квадратни поставени се реквизити за сите возрасти и спортисти. Дел од нив се адаптирани и за лицата со хендикеп.

Опремата е по светски стандарди е наменета за физичка кондиција на целото тело. Овој проект се реализираше со помош на Агенција за млади и спорт, а Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти од областа на спортот и во останатите населени места, со цел сите граѓани да имаат место каде ќе го поминуваат слободното време.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија