Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

“Трофеј Македонија“ – Балканската карате елита во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres trofej mk

Еден од поголемите меѓународни спортски настани на територијата на Македонија е секако карате турнирот Трофеј Македонија, кој утре, со почеток од 10 часот ќе се случува во СЦ Кале.

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт и Карате Федерација на Македонија организираа прес конференција.

-Како резултат на големиот интерес по повод 50 години од постоењето на каратето во Македонија минатата година и  реализацијата на јубилејниот турнир „Трофеј на Македонија", падна одлука за традиционално одржување на еден ваков вид меѓународна манифестација.

Потребата за еден ваков чекор доаѓа од масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, истакна Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На пресот свои излагања имаа селекторите на Македонија во кати и борби, како и нашите најдобри каратисти; Емил Павлов, Берат Јакупи, Ферри Исиќ и Наташа Стефановска. Меѓународниот Трофеј на Македонија, претставува собир на кој покрај македонските репрезентативци ќе учествуваат и каратисти од Албанија, Бугарија, Косово, Словенија, Турција, и нашите најдобри македонски каратисти.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија