Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Стоп на пороците кај младите

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams rk

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементација на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’. Спроведувањето на  Проектот продолжува во Општина Кисела Вода  и Општина Куманово со реализација на едукативните работилници каде  се опфатени учениците од   VII/ VIII и IX  одделение.  Работилниците   се реализират од странана   Агенцијата за млади и спорт во соработка  со Црвен Крстна  Република Македонија.

Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците, едукација и информирање на младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување на степенот на знаења и способности на младите за правилно да ги препознаат првите знаци и симптоми на негативните појави (дрога, алкохол, цигари ) и запознавање на младите со корисните и здрави навики и стилови на живеење.

Во рамки на проектот до сега беа вклучени околу  12 000 ученици. Агенцијата за млади и спорт и во натамошниот период ќе продолжи да го спроведува проектот  и во останатите општини во Република Македонија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија