Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Каевски на Конференција на тема „Зошто Закон за млади во Р.М.“

вклучено . Објавено во Соопштенија

 ams nmsm dk

Денес директорот на Агенција за млади и спорт присуствуваше на конференцијата „Зошто Закон за млади во Р.М.“, која беше организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија.

Во своето излагање тој ја потенцираше важноста од креирање на вакво законско решение кое ќе ги штити интересот и правата на младите луѓе и ќе овозможи регулација на младинските прашања.

Тој ја потенцираше волјата на институциите кон креирање решение кое ги задоволува барањата на сите засегнати страни, а како што истакна отворениот и инклузивен процес кој е во тек само го потврдува тоа. Преку овој процес даваме пример за тоа како младите и институциите можат да седат заедно на иста маса и да одлучуваат за потребите и приоритетите во младинскиот сектор,бидејќи  тоа е вистинскиот начин за креирање на квалитетни младински политики.

Покрај директорот на Агенција за млади и спорт, панелисти на настанот беа и Блажен Малевски – претседател на Национален младински совет на Македонија и Ивана Туфегџиќ – пратеник во Собранието на Р.М. кои ги истакнаа соите перспективи по ова прашање.

Очекувањата се на почетокот на следната година да се усвои предлог текст за Закон за млади, кој преку широк консултативен процес ќе се претстави пред младите, а по прочистување на текстот истиот ќе се пушти во Собраниска процедура.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија