Печати

Меѓународен турнир “Бранко Хаџи Иљоски Чајка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres dk cajka w2

Турнирот во Одбојка “БРАНКО ХАЏИ ИЉОСКИ ЧАЈКА”, ќе се одржи 4пат, а Агенцијата за млади и спорт останува на патеката на поддржување на манифестации со долгогодишни традиции.

-Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово, уште од далечната 1975 година, и е една од најстарите манифестации во Македонија.

Морам да ја истакнам мојата благодарност до семејството Хаџи- Иљоски, како и до медиумите кои учествуваат во промоција и поддршка на овој спортски настан, што условува континуитет во оддржување и постоење на најстарите македонски  спортски манифестации, истакна Каевски.

Тој ги покани сите вљубеници во одбојката и спортот воопшто да бидат дел од оваа спортска манифестација.

Свои обраќања имаа и претставници од Одбојкарската федерација на Македонија и организациониот одбор на турнирот, кои истакнаа дека овој турнир претставува историја на одбојката во Македонија и одлична можност за сите вљубеници на одбојката во Тетово и пошироко да присуствуваат на одлични одбојкарски натпревари.

Покрај тимовите на ОК Работнички од Скопје, ОК Универзитети во Тетово и OK“ Бами Кор од Тетово, ќе настапи и ОК Рудар- Пљевља од Црна Гора, со што овој турнир ќе добие меѓународна димензија.