Печати

АМС и МВР со заеднички кампањи

вклучено . Објавено во Соопштенија


ams kampanja w2

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за внатрешни работи и Националниот комитет за спречување на тероризам и насилен екстремизам, во Клубот на Пратеници го најави почетокот на промоцијата на Кампањата Против Говорот на омраза и подигнување на свеста кај младите за Безбедност во сообраќајот.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и националниот координатор на Националниот комитет за спречување на тероризам и насилен екстремизам г-дин Борче Петревски.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и националниот координатор на Националниот комитет за спречување на тероризам и насилен екстремизам г-дин Борче Петревски.

Се работи за две кампањи кои ги ќе ги реализираат АМС, МВР и Националниот комитет за спречување на тероризам и насилен екстремизам.

Кампањите имаат безвременска рамка и ќе се спроведуваат во текот на целата година.

Планирана е реализација на работилници во повеќе општини во градот Скопје на кои ќе се третираат прашања кои се однесуваат на насилството и надминување на предрасудите и стереотипите помеѓу младите, но ќе се организираат и едукативни работилници со други здруженија.

Од досегашните искуства може да констатираме дека третирањето на безбедносните прашања и проблеми не треба да биде изолирано, а соработката по оваа проблематика со надлежните министерства, државни агенции и невладини организации е неминовна.

Безбедноста зависи од сите нас и сите ние заеднички треба да се грижиме за неа.

Сите сме свесни дека насилството раѓа само поголемо насилство, и претставува лош пример за младите, кои се почесто се жртви на насилство или сами го предизвикуваат.

Агенцијата за млади и спорт ја започнува оваа кампања , и преку видео спотови , со кој се праќаат моќни пораки.

Покрај Кампањата за говор на омраза, паралелно ќе се спроведува и Кампањата за безбедност во сообраќајот.

Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, не е право на избор, туку задолжителна обврска. Сообраќајот не простува грешки!