Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Финална анализа и проекција на Спортскиот Ваучер

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams nsf kp w2

Како што беше напоменато на минатата средба денеска повторно во клубот на пратеници Директорот Каевски со Претставниците од владата и стручниот тим  при АМС  имаа можност да ги дообјаснат прашањата за системот на спортскиот Ваучерот кој стартува од идната година.

Со претставници од националните спортски федерации разговараа директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски со стручен тим при АМС, посебните советници за спорт од Владата на РМ Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев кои ги дефинираа аргументите за критериумите за користење на Ваучерите во спортот, како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година. Целиот процес се води низ транспарентен и инклузивен пристап.

Со овој систем воведуваме нови 6 милиони евра со што значително го подигнуваме нивото за развој на квалитет и ја зголемуваме финансиската моќ на спортските клубови.

Клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија