Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

,,ИЗБОР НА СПОРТИСТИ": Емил Павлов спортист на годината, Сара Ристовска спортистка на годината (ФОТОГАЛЕРИЈА)

вклучено . Објавено во Соопштенија

Европскиот првак во карате во борби Емил Павлов (-60 кг) е спортист на годината, а ракометарката Сара Ристовска е најдобра спортистка во 2018 година во Македонија во избор на Агенцијата за млади и спорт (АМС). Изборот помина во знак на каратистите и ракометарите.

Најуспешениот спортист на годината се заблагодари на сите кои му помогнале да стигне до големиот успех.

„Чест и задоволство ми е да бидам најдобар по три номинации. Оваа година беше една од најуспешните. По втор пат станав европски шампион. Каратето е индивидуален спорт, но заслугата е на екипата, на моите тренери и селектори. Благодарам и до МОК. Благодарност и до карате федрацијата за поддршката. Наградата е мотив за мене да ја претставам Македонија на Олимписките игри во 2020 година во Токио и да го направам најголемиот успех – да освојам медал на Олимпијадата“, рече Павлов.

Фаик Весели е најдобариот млад спортист, откако успеа да освои сребрен медал на Европското првенство за јуниор и бронза на Младинските олимписки игри.

„Ветувам дека Македонија во 2024 година ќе има уште еден медал од Олимписки игри и тоа во сениорска конкуренција“, нагласи Весели.

Исто така и најуспешната млада спортистка Анамарија Георгиевска верува дека по бронзата на Светското јуниорско првенство ќе има уште многу медали.

Кире Лазаров е најдобар спортист во странство, кој настапува во редовите на француски Нант, со кој загуби во финалето на Лигата на шампиони за минатата сезона од Монпелје со 26-32.

„Имавме одлична сезона и јас и клубот. Но, секогаш може подобро, па позитивно размислувам за Светското првенство“, изјави Лазаров.

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ: Емил Павлов (карате)

НАЈУСПЕШНА СПОРТИСТКА: Сара Ристовска (ракомет)

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО: Кирил Лазаров (ракомет)

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Фахик Весели (карате)

НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Анамарија Георгиевска (таеквондо)

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате федерација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Сашко Арсовски (карате)

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

НАЈУСПЕШЕН КЛУБ УНИВЕРЗИТЕТИ: Мал фудбал УКИМ

НАЈУСПЕШЕН КЛУБ СРЕДНИ УЧИЛИШТА: „8 Септември“ – Тетово

НАЈУСПЕШЕН КЛУБ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА: „Тефејуз“ – Чаир

Целосната фотогалерија од настанот ,,Избор на спортисти", можете да ја погледнете ТУКА.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија