Печати

Претставници на Спортскиот сојуз на Србија на прием во АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk srbi

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во насока на зајакнување на спортските врски во соседството, оствари билатерална средба со претставниците на Спортскиот сојуз на Србија (ССС) предводени од претседателот, Давор Штефанек и генералниот секретар, Горан Маринковиќ.

Двете страни на средбата разменија искуства во делот на врвниот спорт, искористувањето на објектите за спорт и предлози во насока на развој спортот преку спојување на граничните градови на двете држави.

Каевски на средбата потенцираше дека ваквите средби се многу важни особено кога се работи за продлабочување на регионалната соработка во областа на спортот и трансфер на искуства, како и спортска експертиза поврзана со повеќе процеси во делот од спортот.

- Ваквите средби претставуваат основа за идна перспектива на регионот особено во делот за создавање повеќе предуслови за развој на сферите во кои се вклучени спортистите. Со нашите гости разменивме мислење во насока на спортската експертиза поврзана со повеќе процеси кои се дел од спортот. Спортот е најмоќното средство кој може да го обедини регионот, - изјави Каевски, кој доби покана од гостите од Србија да дојдат во возвратна посета на Спортскиот сојуз на Србија.