Печати

Објавен ОГЛАСОТ за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт, објавува оглас за финансирање на невладините организации во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа. Младинските невладини организации имаат можност да аплицираат со поднесување проект до Агенцијата за млади и спорт заклучно со 02.03.2019 година. Во прилог подолу се документите кои можете да ги симнете и од каде можете целосно да се информирате за огласот:

- Oглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани 2019 (Симни тука)

- Предлог проект за НВО 2019 (Симни тука)

- Пријава за финансиска поддршка за НВО 2019 (Симни тука)