Печати

Донесена одлука по огласот на Агенцијата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-303/2 од30.01.2019 година.Огласот за финансирање на невладините организации се однесуваше во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.

На огласот пристигнаа 74 апликации од страна на невладините организации, од кои 43 во дадениот рок а 31 по истекот на рокот.

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Ред.бр. Назив на организација Назив на проект Одобрен обуџет
 1 СМР Образовни можности за младински работници 265.000
 2 ЗК МЛАДИТЕ МОЖАТ Кариерен пат: Направи го првиот чекор 245.000
 3

ВИЗИЈА 2020 ШТИП

Со  повисоки компетенции до поголема вработливост на младите 290.000
 4

МИЕС

Мисли , изрази се, информирај се 280.000
 5 ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД Кликни лајк ако си за хајк  270.000
 6 ЗЕ ЗЕЛЕНА СИЛА – ОХРИД  Рециклирањето придонес кон животната средина 290.000
 7

ИОИ -МК 91

Младите за младински политики  290.000
 8

ХЕРА – СКОПЈЕ

Сексуално образование- имам право да знам  225.000
 9 МИДС- БИТОЛА Дебатирај ! За активно учество во заедницата 290.000
10 

ЗОГВП УРБАНО ОПШТЕСТВО Скопје

Спознај ги човековите права и кажи Да за еднаквоста и родовата рамноправност 290.000
 11 ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО  Развој на кариера 265.000