Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Реализација на активности од кампањите против насилство и безбедност во сообраќајот кај младите

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams grupna 2

Агенцијата за млади и спорт  во изминатиот период реализираше едукативно-информативни настани како дел од кампањите „Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај“ и „Почитувај ги сообраќајните прописи, почитувај го животот. Не пиј додека возиш!“.

Во склоп на едукативно-информативните настани, беа посетени средните училишта во Градот Скопје, ,,Здравко Цветковски”, ,,Арсени Јовков”, ,,Браќа Миладиновци”, ,,Марија Кири Склодовска” и ,,Михајло Пупин”, од страна на членовите на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот и вработените од Секторот за превенција при СВР Скопје од Министерство за внатрешни работи.

Темите на кои имаа излагања гореспоменатите претставници побудија голем интерес кај средношколците од прва до четврта година, а посебен интерес со прашања и констатации беше делот за последиците од насилството меѓу средношколците, како и причините за појава на истите.

Имајќи го предвид зачестениот број на сообраќајни несреќи предизвикани од млади лица, посебно внимание беше посветено на темата за подигнување на свеста за сообраќајната култура кај младите.

Во наредниот период кампањата ќе продолжи со уште позасилено темпо и со нови настани во координација со МВР и Националниот комитет.

ams buli

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија