Проектот “Запознај ја Преспа” со поддршка на АМС

Успешно завршен настанот “Meet Prespa”,кој се одржа за прв пат годинава, а имаше за цел да ги зближи младите од регионот и да овозможи соработка во насока на креирање на нови можности за развој и напредок на регионот.
Во рамките на настанот се одржа панел дискусија на тема: „Европски придобивки за регионот Преспа – искуства и можности“ каде свое учество земаа младински организации од Севрна Македонија, Грција и Албанија.

Панелисти на настанот кои ги споделија своите размислувања со младите и присутните гости беа: Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, Михалис Петракос, советникот на градоначалникот на Општина Преспа, Лемос, Цвета Трајче, локален координатор на Агенцијата за заштита и резервација на природата во Албанија и Димитар Низамовски, извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ).
Манифестацијата опфати богата културно уметничка програма со голем број на музички групи од Северна Македонија, Грција и Албанија, како и веќе традиционалната велосипедска тура „Тур Де Галичица“.

Дел од настанот беше и акцијата за садење дрвја, „Засадија својата иднина“како и еколошката акција за чистење на околината на Преспанското езеро во која учествуваа шеесетина млади од регионот како и амбасадорот на Франција, господинот Кристијан Тимоние, амбасадорот на Германија, господинот Томас Герберих, амбасадорот на Албанија, господинот Фатос Река и амбасадорката на Црна Гора, госпоѓа Марија Петровиќ.

Програмата за дружење и обединување на младите продолжи со концерт на кој настапија музичките групи „Нокаут“, „Бла, бла, бла“ и грчкиот регебенд „Anima Nation“, како и локалните групи „Инстинкт“, „Реприза“ и Екстраваганца“.

Проектот, кој за првпат се одржува во нашата држава, ја има поддршката од Агенцијата за млади и спорт (АМС) и е дел од активностите за кампањата „ЕУ затебе“. Како партнери на настанот се и фармата „Духот на Преспа“ и НВО „Преспа ГРАД“ и „Еко Герила Ресен“.
