Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Прием во АМС на златното момче од ЕП во борење

вклучено . Објавено во Соопштенија

Borenje Besir Alili

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Директорот Дарко Каевски организираше прием за ,,златното момче” Бесир Алили од Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

Каевски му честиташе за освојувањето на златната медаља и потенцираше дека спортот уште еднаш покажал дека ја обединил нацијата.

- Му честитам на младиот Бесир за овој голем успех, кој долго време се чекаше. Со освојувањето на златната медаља,  успеа да ја обедини целата нација, без разлика на раса, боја и етникум. Вчера на пречекот сите славеа и се радуваа на овој голем успех. Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да продолжи да  тренира напорно, да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња како Шабан Трстена, Шабан Сејдиу, Зоран Шоров, Ристо Дарлев, Чедо Николовски, Влатко Соколов, Могамед Ибрагимов, Киро Ристов и голем број други борачи кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава.

Алили, во својата изјава и се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и додаде дека зборовите на Каевски ќе му претставуваат дополнителен мотив за тренинг и за зацртаната цел, која си ја поставил пред себе, а тоа е учество на Олимписките игри и освојување на медал.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија