Печати

43-ти пат одбојкарски турнир “Чајка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Odbojka turnir Cajka

Еден од спортските настани со најдолга традиција во нашата земја е одбојкарскиот турнир “Бранко Хаџи Иљоски” е  најавен за викендов во Скопје.

Имено, турнирот ќе биде организиран во насока на подобрување на условите на одбојкарската федерација со обезбедување на три јаки репрезентации, гости на турнирот.

На прес конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт, директорот Каевски го изрази своето задоволство за упорноста на челните луѓе на одбојкарската федерација и семејството Хаџи Иљоски во одржување на континуитет на една ваква традиционална манифестација.

-Во интерес на одбојкарската репрезентација оваа година концептот на турнирот е поинаков, но и квалитетот на тимовите е на многу повисоко ниво. Гостувањето на репрезентации од светскиот врв на одбојката, како Бугарија, Белгија и Украина е уште една причина за повик до сите вљубеници на спортот викендов да ја посетат салата во градскиот парк и да ги поддржат нашите одбојкари, потенцираше Каевски.

На прес конференцијата свои излагања имаа претседателот на одбојкарската федерација, Петар Јовановски, генералниот секретар Зоран Карановиќ  и претседателот на организациониот одбор на турнирот, Ивица Хаџи Иљоски.