Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Објавен јавниот повик за аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Согласно програмата за работа за 2019 година на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади, објавува Јавен повик за аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“.

Агенцијата за млади и спорт  ги повикува сите млади лица  да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план), согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Да се на возраст од 19 до 29 години

2. Да се невработени или вработени кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

3. Да се државјани на Република Македонија.

4. Едно лице има право да учествува на јавниот повик само со еден бизнис план,

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 19 до 29 години, кои се невработени а имаат желба да започнат сопствен бизнс да се аплицираат со сопствен бизнис план  на јавниот повик. Пристигнатите бизнис планови ќе бидат оценувани од страна на стручна надворешна комисија.

За подетални информации симнете го јавниот повик:

Јавен повик за аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“ (Симни овде)

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија