Печати

Потпишан Меморандум за автономија и независност во спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams potpis cile

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателот на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија, Васил Тупурковски заедно со претставниците на националните спортски федерации го потпишаа Меморандумот за автономија и независност во спортот, документ кој ќе придонесе за поголем развој во спортот и олимпиското движење во државата.

Целта на овој документ е да го унапреди спортот, соработката меѓу федерациите и другите спортски чинители во државата. Воедно, овој документ кој произлегува од Обединетите нации, а ко-автор е Интернационалниот Олимписки комитет за независност за спортот претставува важна алка за сите учесници во македонскиот спорт и правецот по кој ќе се движи развојот на спортот во државата.